
Младиот гитарист Филип Гечовски ќе го одржи својот прв солистички концерт по класична гитара којшто го посветува на своите другари Петар, Адам, Марко и првенецот на македонската опера и балет Ризте Велков, кои на 21 мај трагично загинаа на скопската обиколница.
Филип е роден во 2005 година и со изучување на класична гитара започнал на деветгодишна возраст. Во моментов е студент на трета година на Факултетот за музичка уметност во Ниш, во класата на професор Милош Јањиќ. Добитник е на повеќе награди на меѓународни натпревари по класична гитара, а учествувал и на неколку музички настани.

Македонски

