
Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром вечерва од 19 часот го игра дуелот од 4.коло од ФИБА Европа купот, а во Скопје гостува екипата на АЕК Ларнака од Кипар. Денешниот ривал има две победи и двете на домашен терен.
Избраниците на тренерот Васко Атанасов ќе се обидат да ја постигнат првата победа, а тоа ќе биде исклучително важно за враќање на победничките патеки особено што три порази имаат во ова натпреварување и еден во регионалното АБА 2 натпреварување. „Металците“ првите два дуела на домашен терен со Ираклис и Тарту ги загубија.
Другите два натпревара од групата Е се играат утре, а двојките се: Тарту – Ираклис и Вирцбург – Варшава.

Македонски

