Skip to main content

МЗТ не е за во Европа: Нов, седми пораз во ФИБА купот

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја продолжија негативната серија во ФИБА Европа купот, откако вечерва го претрпеа седмиот пораз во рамки на 7. коло во групата Ф, на гостувањето против естонски Тарту со 77 – 93.

Актуелниот македонски првак одржуваше резултатска неизвесност на гостувањето во Тарту, во првата четвртина по која имаше поен негатива (19 – 20), а естонскиот противник во следните десет минути ја стекна клучната предност и замина на полувреме со водство од 53 – 34.

На средина од последната четвртина, МЗТ Скопје се доближи на минус 10 негатива (69 – 79), по што следеше серија на Тарту од 8 – 0, по која седмиот пораз на македонскиот клуб беше неизбежен.

Варнер со 19 поени беше најефикасен во редовите на МЗТ Скопје, кој следната можност за премиерна победа во ФИБА Европа купот ќе ја има на 9 декември, кога ќе го пречека германски Вирбург

Поврзани вести