Skip to main content

Седнувањето во кафеана стана изгор: Цените во угостителството повторно во пораст

Република

Државниот завод за статистика денеска соопшти дека во април 2025 година е забележан пораст на цените на угостителските услуги од 0,1 процент во однос на март. Во споредба со истиот месец минатата година, цените се зголемени за 4,4 проценти.

Анализирано по групи, цените во угостителството, во април 2025 година во однос на март 2025 година се зголемени за 0,2 проценти кај Храна, за 0,1 процент кај Алкохолни пијалаци и за 0,1 процент кај Безалкохолни пијалаци. Во групата Ноќевања не е забележана промена на цените.

ДЗС соопшти дека кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги во периодот јануари – април годинава во однос на истиот период од минатата година е 105.8, додека во однос на декември 2024 година е 101.0.

Поврзани вести