Skip to main content

Министерот Тошковски се сретна со јапонската амбасадорка, Кавахара Сецуко

МВР


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна средна со Амбасадорката на Јапонија во земјава, Н.Е. Кавахара Сецуко.

На средбата стана збор за одличните односи помеѓу двете земји, волјата за унапредување на соработката и на стратешко и на оперативно ниво, а се разменија и иницијативи за продлабочување на истата преку членување во разни меѓународни организации за полициска соработка.

Двете страни ја потврдија силната волја и посветеност на развивање на меѓусебните односи и соработка, преку конкретни предлози за нивно реализирање, соопштуваат од МВР.

Поврзани вести