
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со различен интензитет најавува Управата за хидрометеоролошки работи. По краткиот период со пониски утрински температури, од утре следува постепено затоплување, а дневните температури повторно ќе бидат над просекот за овој период од годината.
Според прогнозата на УХМР, затоплувањето ќе биде под влијание на јужно воздушно струење, кое ќе донесе повисоки температури, но и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а од среда повремено ќе биде силен и ќе надминува 60 километри на час, особено во западните делови од земјава.
Утре попладне и кон крајот на денот врнежи од дожд се очекуваат насекаде низ земјава. Минималните температури ќе се движат од четири до 10 степени, додека максималните ќе достигнат од осум до 16 степени. Ветерот ќе биде слаб до умерен и ќе дува од јужен правец.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, а попладне и кон крајот на денот се очекуваат врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи од шест до 14 степени.
Позначителен пораст на дневните температури се очекува во текот на наредните денови. Во вторник максималната температура ќе достигне 20 степени, во среда 21, а во четврток се очекува да се искачи до 23 степени.
Така, и покрај повремените врнежи и засилениот јужен ветер, земјава ја очекува потопол период, со температури повисоки од вообичаените за средината на ноември.

Македонски



