Skip to main content

Од понеделник температурите ќе растат

Студеното време што денеска ја зафати земјава ќе трае до утре, а веќе од понеделник се најавува променливо, но потопло време. Температурите ќе бидат во постепен пораст и над просекот за овој период од годината.

Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.

Утре се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и услови за утринска магла. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд.

Поврзани вести