
Факултетот за музичка уметност-Скопје го организира третото издание на „Студентскиот џез, поп и рок фестивал“, кој ќе се одржи на 16 и 17 ноември во „Loom Art & Culture“.
Програмата предвидува две фестивалски вечери со настапи со почеток во 20 часот, како и две работилници со Арменд Џафери, кои ќе се одржат двата дена од 12 часот.
Фестивалот е дел од ИКСССА проектите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а влезот за сите посетители е слободен.

Македонски



