Skip to main content

Новороденче родено дома донесено починато во Детска клиника

Вчера во 07.15 часот во СВР Скопје, од Детската клиника при Комплексот клиники „Мајка Tереза“ во Скопје било пријавено дека околу 06.20 часот кај нив било донесено мртво новороденче.

Лекар констатирал смрт, а, според пријавеното, 25-годишната мајка од Скопје во раните утрински часови се породила во својот дом во Скопје, по што таа и бебето биле пренесена на клиниката.

За настанот бил известен јавен обвинител, а телото на бебето било дадено на обдукција.

Поврзани вести