
Францускиот претседател Емануел Макрон добил покана од британскиот крал Чарлс Трети да ја посети Велика Британија пред американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе ДПА, повикувајќи се на публикација во британскиот весник „Сандеј Тајмс“.
Ова е знак дека Велика Британија настојува да се приближи до Европската унија, од која се одвои, се истакнува во изданието. Малку луѓе во владата и кралскиот дворец знаат за посетата, која би била прва државна посета на Макрон како француски претседател на Велика Британија, се истакнува во изданието.
Според весникот, Макрон, кој ја презеде функцијата пред осум години, е поканет да го посети кралот Чарлс на крајот на мај.
Се очекува тој да биде примен во замокот Виндзор, а не во Бакингемската палата, бидејќи таа се реновира.
Според Трамп, кралот Чарлс го одредил „датумот во септември“ за неговата посета на Велика Британија. Поканата во име на кралот ја упати британскиот премиер Кир Стармер, кој ја посети Белата куќа во февруари. Ова ќе биде втора државна посета на американскиот претседател на Велика Британија. Тој беше поканет и за време на неговиот прв мандат.