
Каналите за комуникација меѓу Иран и САД остануваат отворени и покрај зголемените стравувања од обновување на војната, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи.
Багаи изјави дека Техеран не ја затворил вратата за дипломатијата и оти преку посредници продолжува размената на пораки меѓу Иран и САД.
Во интервју за германски медиум, пренесено од иранските државни медиуми, Багаи рече дека Вашингтон продолжува да инсистира на еднострани барања. Тој посочи дека американскиот претседател Доналд Трамп и други американски претставници повеќепати го користат изразот „целосна капитулација“, што, според него, е неприфатливо за Иранците.
Преговорите поврзани со конфликтот се во застој веќе неколку недели.
Во меѓувреме, меѓу иранското население растат стравувањата од можно разгорување на војната, воочи претстојните избори во Израел и САД.
На прашањето дали планира воен напад врз Иран, Трамп првично одговори дека би било неразумно однапред да ги открива таквите намери.

Македонски

