
Иако знаеја дека уставните измени не се последното барање на Бугарија, СДС свесно го лажеше народот, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС манипулираше со граѓаните, знаејќи дека политиката им беше од ден за ден, бидејќи беа свесни дека ќе доживеат дебакл на изборите од граѓаните, затоа и лажеа за се.
Најлошата дипломатија која ја имала нашата држава, беше на чело со Заев, Ковачевски, Османи и Маричиќ, кои освен што се сликаа по авиони и на средби со разни функционери, не направија никаков напредок во меѓународната политика.
Лажеа дека уставните измени се последно барање од бугарите, лажеа дека само што не направиле двотретинско мнозинство во собрание за уставните измени, лажеа дека датумот за влез во ЕУ го носат во авион, лажеа дека сме отпочнале преговори со ЕУ, буквално излажаа за се“, потенцираат во соопштеието.
„ВМРО-ДПМНЕ многу пати сугерираше и предупредуваше за овие работи, но СДС тврдоглаво одеше со главата во ѕид.
Сега јасно гледаме дека Бугарија јавно кажува дека уставните измени не се последното барање од нивна страна.
Како и секогаш, ВМРО-ДПМНЕ повторно ја говорело вистината, но СДС не сакале да слушаат. Затоа сега Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води државничка политика, од која корист ќе имаат граѓаните на Република Македонија“, додаваат од партијата.
А за жал и понатаму, СДС се синоним за криминал, неспособност и предавства, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.