
Binance, водечката светска берза за размена на криптовалути, со гордост најавува дека ќе биде домаќин на собир на заедницата во Скопје. Овој настан претставува уникатна можност членовите на крипто заедницата да се сретнат со претставници на Binance, да ги истражат најновите трендови во индустријата и да разговараат за иднината на дигиталните средства, и во регионот и на глобално ниво.
Првата средба во Скопје ќе биде на 3 април 2025 година, од 17 до 21:30 часот во Скопје Мериот Хотел, Плоштад Македонија, Скопје, Македонија. Присуството на состанокот е бесплатно, но поради ограничениот број на учесници, потребна е претходна регистрација достапна на линкот.
За време на средбата, присутните не само што ќе можат да добијат преглед на најновите производи и иницијативи на Binance, туку ќе имаат и можност да учествуваат во игри и социјално вмрежување, да добијат ексклузивни промотивни производи и можност да се сретнат и да се поврзат со други членови на криптозаедницата.
За Binance
Binance е водечки глобален блокчејн екосистем зад најголемата светска размена на криптовалути по обем на тргување и регистрирани корисници. Довербата на Binance му ја пружаат повеќе од 230 милиони луѓе во повеќе од 100 земји поради неговата водечка улога во безбедноста, транспарентноста, брзината на тргување, за аштитата за инвеститорите и неспоредливото портфолио на производи и понуди на дигитални средства, од трговија и финансии до образование, истражување, социјални добра, плаќања, институционални услуги и карактеристики на Web3.
Binance е посветен на изградба на инклузивен крипто екосистем за зголемување
на слободата на пари и финансиски пристап до луѓето ширум светот со криптото
како основно средство.