Skip to main content

Тимот за интервенции на Комората на психолози ќе одржи состанок со пожарникарите кои го гасеа пожарот во Кочани

Во рамки на активностите поврзани со последиците од пожарот во Кочани досега се ангажирани 32 психолози

Тимот за интервенции во кризи на Комората на психолози денеска ќе одржи состанок со пожарникарите кои учествуваа во гаснењето на пожарот и спасувањето на децата во дискотеката во Кочани.

Во рамки на активностите поврзани со последиците од пожарот во Кочани досега се ангажирани 32 психолози.

Од раните утрински часови на 16 март – денот кога изби пожарот во кочанската дискотека – 12 психолози од Тимот за кризни интервенции на Комората на психолози во соработка со Центарот за ментално здравје се присутни на пунктовите пред болницата „8 септември“, Ургентниот центар и болницата „Свети Наум Охридски“ каде што даваат прва психолошка помош на семејствата чии деца се донесени на лекување.

Вчера, на денот на погребите на загинатите, 15 психолози биле ангажирани да присуствуваат на сите закопи во Кочани, околните села, Штип, Струмица, Скопје.

Секојдневно се работи и со родителите кои ги изгубиле своите деца во пожарот.

Поврзани вести