Skip to main content

И Американските спортисти не сакаат да ја пеат химната, реагира и Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше кошаркарската суперѕвезда Леброн Џејмс за „непочитување“на националната химна што беше интонирана пред натпреварот на Њујорк против Филаделфија на отворањето на новата сезона во НБА лигата.

За време на интонирањето на националната химна, Џејмс стоеше во ред со своите соиграчи од Филаделфија, мавтајќи со рацете како да се загрева и правејќи движења како да шутира со рацете.

„Додека ја слушаше националната химна, Леброн Џејмс покажа непочитување кон нашата земја. Тој треба да им се извини на сите големи американски воини и херои кои загинаа за американското знаме и она за што се залага нашата земја“, објави Трамп на својата социјална мрежа Truth Social, илустрирајќи ја објавата со видео од настанот.

Филаделфија е четвртиот клуб во кариерата на 41-годишниот Џејмс, кој ја игра својата 24 НБА сезона

Поврзани вести