
Финалето на Интерконтиненталниот куп на ФИФА за 2026 ќе се одржи на 16 декември на стадионот „Ахмед бин Али“ во катарскиот град Ал Рајан, објави денеска актуелниот европски првак ПСЖ.
Во финалето, ПСЖ, како актуелен освојувач на Лигата на шампиони, ќе се соочи со победникот во ФИФА Челинџер купот, во кој ќе настапат мексиканскиот Депортиво Толука, како освојувач на Лигата на шампиони на КОНКАКАФ зоната и јужноафриканскиот Мамелоди Сандаунс, како африкански шампион.
Последниот учесник ќе биде победникот во финалето на Копа Либертадорес во 2026 година во кое ќе играат аргентински Естудијантес и бразилски Палмеирас.
Во 2025 година, ПСЖ го освои Интерконтиненталниот куп, победувајќи го бразилскиот Фламенго

Македонски

