
Полициски службеници од СВР Куманово вчера во Кумановоги лишија од слобода 45-годишната С.Б. и Р.Т.(52) од Куманово, соопшти МВР.
Според пријавеното, С.Б. измамила и повикала во својот дом 64-годишен маж наводно за да ѝ помогне да купи мобилен телефон, а кога пристигнале во дворот Р.Т. физички го нападнал, а таа му одзела пари и телефон. Како што е пријавено, после тоа го принудиле да отиде во финансиско друштво за да подигне брз кредит, но тој успеал да ѝ сигнализира на вработената дека е принуден да го прави тоа, по што повикала полиција.
Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.

Македонски

