Skip to main content

Омерагиќ: ФФМ ќе биде организација за пример

Актуелниот претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ, денеска и официјално доби нов и тоа целосен мандат на чело на Фудбалската федерација на Македонија, кој ќе трае четири години.

Свесен бев дека ме очекуваат големи предизвици, но затекнатата ситуација во федерацијата беше уште позагрижувачка. Во претходните две години федерацијата има повеќе расходи од приходи.

Академијата беше без план за развој и со пробиен буџет. Младите селекции се во сериозен проблем и загрижува нивниот пад. Академијата беше без план за развој и со пробиен буџет. Младите селекции се во сериозен проблем и загрижува нивниот пад. Од особена важност се инвестициите од фондовите на УЕФА. Буџетот за проекти е затворен до 2028 година, но резултатите не се според очекувањата. Стадионите и терените кои требаше да бидат подобрени, не се на потребното ниво.

Сепак, имаме светла точка во сениорската репрезентација, чии резултати се за пофалба. Сепак, треба да гледаме напред. Бараме финансиска транспарентност, строг надзор за трошење на средствата. Време е да поставиме нови принципи на работа. Федерацијата нема да биде симбол за неорганизираност, туку тело за пример“, рече Омерагиќ.

Претседателот ги најави и следните чекори на највисокото фудбалско тело под негово водство.

„Наместо да се навраќаме на минатото, наша должност е да гледаме напред и да работиме на подобрување на состојбата. Веќе преземаме конкретни чекори:

  • Финансиска ревизија на сите досегашни проекти, со цел да обезбедиме поголема транспарентност.
  • Нова стратегија за инвестиции во инфраструктура, насочена кон реалните потреби на клубовите, а тоа се терени за тренинг и терени за натпревари, особено во Првата и Втората лига.
  • Строг надзор над трошењето на средствата, за да се осигураме дека инвестициите одат во вистински проекти што ќе донесат долгорочни резултати.

Време е да поставиме нови стандарди во нашето работење. Нашата цел е да изградиме федерација што ќе биде стабилна, транспарентна и посветена на напредокот на македонскиот фудбал. Ова не е лесен процес, но е неопходен.

Пред нас е многу работа, но ве уверувам – федерацијата повеќе нема да биде симбол на неорганизираност, туку институција што ќе работи професионално и во интерес на македонскиот фудбал“, заврши Омерагиќ.

Поврзани вести