Skip to main content

И Васко Ковачевски е дел од истрагата за мазутот со Капушевски и Јахоски, вмешани се и роднини на Али Ахмети

Во истрагата што ја водат Министерството за внатрешни работи (МВР) и Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, поврзана со злоупотреби при увоз на мазут, меѓу осомничените е и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски кој е во бегство за случајот „Адитив“. Вчера беа приведени и бизнисмените Ратко Капушевски, сопственик на фирмата РКМ и Асмир Јахоски, сопственикот на Пуцко Петрол. Меѓу овие имиња се споменува и Ерџан Сулкоски, партнер со зетот на Али Ахмети, Куштрим Смајлај. Истрага се води и против поранешниот директор на ЕСМ, Адријан Муча, пренесува МКД.МК.

Порталот пишува дека се споменуваат и имињата на Никола Стојановски, Емил Пецаков, Марија Нешовска, Благица Марковиќ, Ружди Рамадани, Душица Сеизовска Јовановиќ, Добрила Стефаноска, Данчо Стојановски…

Во 2022 година Сулкоски и Смајлај ја основале фирмата „К.С.А. интернешнл“. Сулкоски, освен во фирмата на зетот на Ахмети, во 2022 станал косопоственик и на компанијата РКМ на Ратко Капушевски, која ги добиваше тендерите за набавка на мазут за државни потреби чија вредност беше околу 120 милиони евра.

Ерџан Сулкоски излегол од фирмата „К.С.А. интернешнл“ во која бил косопственик и коуправител со зетот на Али Ахмети на 23 август 2023 година.

Со истрагата се опфатени и повеќе лица, а претреси се вршат во Скопје, Кичево и во Пласница.

Полицијата и Јавното обвинителство потврдуваат дека во истрагата се опфатени уште десетина лица, вработени во ЕСМ и во фирми кои наводно нелегално набавувале и дистрибуирале деривати. Ковачевски е во бегство поради друга истрага што се води против него.

Поврзани вести