
Жанет Фарао, легендарната британска танчерка и уметничка директорка на светски познатото кабаре „Мулен Руж“ во Париз, почина по долгата борба со болеста. Соопштението за нејзината смрт беше потврдено од раководството на кабарето, кое ја опиша како „икона на уметноста и љубител на танцот“.
Жанет Фарао (65) остави неизбришлив траг во светот на кабаре-уметноста. Во својот живот, таа откри и поддржа илјадници млади уметници од различни делови на светот, пренесувајќи им ја својата страст и љубов кон танцот. Нејзината уметничка визија ја дефинираше историјата на „Мулен Руж“, преку грандиозни шоу програми, кои станаа дел од светската култура.
Фарао ја започна својата кариера во славното кабаре „Лидо“, пред да се приклучи на „Мулен Руж“ во 1980 година. Во 1997 година, таа ја презеде функцијата уметничка директорка, наследувајќи ја Дорис Хог, а до последниот момент продолжи да води и инспирираше нови генерации танчери и уметници. Таа беше позната по тоа што ги комбинираше традиционалните кабаре елементи со иновации, создавајќи неверојатно визуелни спектакли, кои беа обожавани од публиката ширум светот.