
Одбраната на Љупчо Палевски на денешното рочиште рече дека првообвинетиот на 27.11 2023 година, дента кога беше убиена Вања Ѓорчевска, се возел низ Скопје и бил во банка.
Конкретно, од обраната тврдат дека тој во периодот меѓу 10 и 12 часот бил во експозитурата на „Халк банка“ во ТЦ „Буњаковец“ и вршел трансфер на пари.
Обвинителството смета дека овој доказ е нерелевантен бидејќи трансферот е направен во 11:45 часот, а тие претходно докажале дека во 10 часот на критичниот ден веќе бил во седиштетот на Десна.
Палевски и на тоа имаше одговор.
Тоа што во 11 и 45 е регистриран трансферот на пари не значи дека во тој момент сум бил во банката. Чекав ред со професорот Мартин Панчевски. Барам од камерите на банката да се утрврди точното време кога чекав ред, објасни Палевски.
Токму Панчевски денеска не се појави како сведок бидејќи не можеле да го пронајдат на посочената адреса.