
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска порача дека на важниот самит во Лондон имале „добра и искрена дискусија“ за Украина, пренесува ТВ21.
Како што вели, на Украина и се потребни „сеопфатни безбедносни гаранции“ кои ги поддржуваат нејзините економски и воени позиции, рече таа.
Фон дер Лајен вели дека Европа мора итно да се „превооружи“, а план за тоа Комисијата ќе предложи на Европскиот совет на 6 март.
„Сега е исклучително важно да се зголемат инвестициите во одбраната на подолг период. Ова е за безбедноста на Европската унија и ние мора… во геостратешката средина во која живееме, да се подготвиме за најлошото и затоа да ја зајакнеме одбраната“, вели таа.
Фон дер Лајен вели дека Европејците мора да работат на „претворање на Украина во челична свиња која не е сварлива за потенцијалните напаѓачи“.