Skip to main content

СДСМ да го исклучи Сокол од Централниот одбор на партијата, бара ВМРО-ДПМНЕ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и денеска го прозва опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) со барање да го исклучи Филип Андов од член на Централниот одбор на партијата. Ваквиот повик на власта доаѓа откако Андов беше уапсен како дел од осомничените во акцијата на МВР и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) за злоупотреби во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, како поранешен директор на оваа казнено-поправна установа.

Од владејачката партија ги повторија обвинувањата дека ексдиректорот од затворот во Шуто Оризари направил хотел, овозможувајќи им на осудени лица да излегуваат кога сакаат и каде сакаат со тоа што униформирани лица тајно ги транспортирале со службени возила до местата каде тие сакале.

СДС и Филип Андов Сокол наместо да се борат против криминалот преку нив државата работела за криминалците. СДС да не го штити туку да го осуди и исклучи од ЦО Филип Андов Сокол. Правда и одговорност мора да има. Време е корумпираните носители на јавни функции да бидат онеспособени и спречени да го корумпираат општествениот систем. Приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е одлучна, неселективна и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата во општеството, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести