
Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Скопје организираше приватна обиколка за медиумите на изложбата „Остен биенале Скопје 2024 и 80 години Остен“, во чест на грчките добитници на наградите: Тодорис Трампас, Пантелис Цацис, Лиа Лапити и за најдобра групна презентација – BUFF Group.
Тодорис Трампас доби посебно признание од жирито. Тој е млад визуелен и перформанс уметник чии дела веќе се препознаени во Грција и во странство. Роден е во 1991 година во Девонпорт, Австралија, а потекнува од Серес, Грција. Се занимава главно со сликарство, што го навело до телесно изразување преку импровизација и до инсталација на лице место, особено со перформанс уметност. Во 2010 година е примен на Факултетот за ликовни уметности во Атина, студирал сликарство и дипломирал со почести во 2015 г. Бил стипендист на магистерската програма: „Науки за образование – Специјалното образование“ на Универзитетот во Никозија во соработка со Универзитетот во Патра во периодот 2016-18 г. Соработувал со МАИ (Марина Абрамовиќ Институт) и НЕОН (Организација за култура и развој) на работилница за долготраен перформанс во музејот Бенаки во Атина, Грција. Меѓународната организација Младинско биенале на креатори од Европа и Медитеранот (YBCEM – Youth Biennale Creators of Europe and the Mediterranean) во соработка со Генералниот секретаријат за новата генерација и доживотно учење збраа негово дело да ја претставува Грција на LANDXSCAPES – мултидисциплинарна културна програма во Италија, како и на меѓународниот филмски фестивал UKYA CITY TAKEOVER во февруари 2019 г. во Нотингем. Неодамна освои две награди за документарниот филм „Пангеа“: првата во средна/професионална категорија на 8-от Филмски фестивал „Он Арт“ во Полска; и втората за најдобар актер на Меѓународниот филмски фестивал „ОРИОН“ во Австралија. Подрачната единица Серес организираше во чест на уметникот посебен настан за ексклузивна проекција на документарниот филм во DI.PE.THE Серес.
Живее и работи во Серес, каде што го предава предметот естетско образование во специјалното образование. Истовремено, предава перформанс уметност на „физички работилници“ каде се фокусира на вежбање на основните елементи и механиката на перформанс уметноста. Исто така, Тодорис е наставник во државно училиште за возрасни и ги предава предметите Цртање и Историја на уметноста.
Конечно, има добиено бројни престижни награди и признанија, од кои најважна е Наградна стипендија за уметници од Фондацијата Ставрос Ниархос (2020). Истовремено, своите дела ги има претставено на групни изложби и фестивали, како во Грција, така и во странство во Латинска Америка, Индија, Токио, Шпанија, Египет и Англија, а неговите проекти се чуваат во приватни колекции.
Наградено дело „Распределување (SEVERANCE) 2023 претставува видео перформанс на специфична локација со времетраење: 0:25:36 минути.
Оваа изведба специфична за локацијата е дизајнирана и создадена исклучиво за џамијата Зинџирли во Серес. Величественоста на ова место делуваше како отскочна даска за потсетување на спомените поврзани со просторот и времето. Преку интеракцијата на материјалните елементи кои веќе постоеле во џамијата, тие сега се трансформираат и стануваат поле на дејствување и создавање врски, а на нив се впишуваат нови приказни. Дрвените прегради создаваат разграничување на просторот, создаваат премин за јавен правец и се користат за периметарска заштита на експонатите. Овие прашања на неортодоксен начин се однесуваат на раздвојување што се потпира на информации за колективната меморија на самиот историски простор. Овој процес дефинира и овозможува да се создадат граници кои се одвојуваат од другите групи и споделуваат различни сеќавања од минатото или можеби различни толкувања на исти настани.
Наградата „Златен Остен“ ја доби Пантелис Цацис. Роден е 1952 г. во Серес, Грција и е активен во областа на уметноста како уметник (од 1968 г.), а паралелно и како галерист и организатор на изложби и други уметнички настани. Денес е уметнички директор и основач на саемот за современи уметности Арт Тесалоники во Тесалоники.
Има организирано голем број самостојни и групни изложби во Грција и надвор од неа, а негови дела се дел од приватни колекции во Грција, Турција, Израел, Германија, Италија, Велика Британија, Кина, Јапонија, САД…
Неговото наградено дело „Апстракција“ 2023 е акрил на платно, 83 x 63 см.
Макрокосмосот на светот во неговата непрегледна природа, неговата еруптивна моќ и постојаните промени, тоа се теми кои се резервирани за сликарството на Пантелис Цацис. Очигледно создадените апстрактни формации го одразуваат неговиот поглед на суштината на одредена тема. Понекогаш ја става својата визија за макрокосмосот во врска со реалните слики на животната средина, кои се ставени во основа како видлива почетна точка за неговите светови во боја. Со нанесувањето силен колорит на платно или дрво ѝ ја дава на сликата потребната енергија, а тој се заземјува.
Групата БАФ доби посебна награда од ОСТЕН за групно претставување. БАФ се група од 20 грчки уметници кои и предходно соработувале а основната карика која ги спојува е страста за уметноста. Тие дејствуваат во различни делови на Грција, воглавно во Атина и Флорина. За својата уметност велат дека е иновативна, експресивна и трансформативна. Она што ги движи е љубопитноста и желбата за експресија на емоциите користејќи визуелни елементи.
Членови на групата (според азбучен ред на презимињата) се: Киријаки АГЕЛИДАКИ, Софија АНТОНАКАКИ, Аимилија АНТОНИУ, Јоргос КАЛОГИАНИС, Ксенија КАЛИОРА, Харис КОНДОСФИРИС, Јоргос ТЕОДОРУ, Трасос ЗИКУЛИС, Виолета ГАЗЕА, Стелиос КАРАС, Софија ЛЕОНИДУ, Димитра МАРИНИ, Никос ПАЛАЈОДОРОС, Димитрис ПИЛАВАКИДИС, Лисимахос ПОЛИХРОНИДИС, Василис СЕНЦАС, Костас СОЛАКИС, Маргарита ЦУЛУХА, Крисула ЦАЛКУТИ, Аристејос ЦУСИС)
Награденот дело „Сенка на светилникот“, 2024-25 е инсталација, платно, метална конструкција, светлосно/звучна инсталација, в=7,4м
Делото е уметничка инсталација преку која во три димензии се претставува бестелесен светилник. Додека светилникот предупредува на опасна област со испуштање светлина кон надворешноста, во својата визуелна метафора тој ја свртува својата светлина кон себе. За прв пат, ја осветлува својата внатрешна темнина и ја оттурнува во форма на материјална сенка што се емитува одвнатре. Традиционалниот облик на светилникот е транскрибиран во архитектонската морфологија на кулата Галата во Истанбул, а целта е да се прикажат мотивите на зградата како тековен хетеротопичен феномен во историјата.
Софија Антонакаки и Харис Кондосфирис се финалисти, а награденото дело „Прометеј, мало дете на Кавказ“, 2024
колаборативна визуелна средина (видео инсталација, звучен пејзаж, 2D и 3D дизајни).
Прометеј, Титан и бог на огнот некогаш бил дете кој уште оттогаш им пркоси на боговите. Како дете, тој прави антропоморфни глинени кукли на кои Атина им вдахнала живот; а исто така, како млад внимателен астроном ги истражувал небесата и ѕвездите. Подоцна, проучувајќи ја светлината покрај темнината, крадејќи го огнот (самата светлина) и давајќи му ја на човештвото, тој ја иницира цивилизацијата.
И покрај неговата разумност и неговата „примарна мисла“ (Προ-Μήτις) тој за својот престап е казнет со вечни маки. Прометеј бил врзан за карпа на Кавказ, а мршојадецот – симбол на моќта на Зевс – еднаш дневно му го јадел црниот дроб (во античка Грција, црниот дроб често се сметал за дом на човечките емоции). Неговиот црн дроб се регенерирал ноќе, за следниот ден повторно да биде изеден од мршојадецот.
Црниот дроб на младиот Прометеј се претвора во рана како црна дупка, која повторно оживува со нов црн дроб подготвен да биде проголтан – хетеротопија на утопијата.
Визуелната инсталација е трикратна. Снимката од малечкото Сонце ги заслепува групите цртежи на светлите ѕвезди (од Софија Антонакаки) и црните ѕвезди во вид на муви (од Харис Кондосфирис) мали чистачи, дезодоратори на одвратноста со која е казнет малиот Прометеј.
Софија Антонакаки – дводимензионални цртежи
Материјали: индиско, кинеско и чешко мастило. Рециклирана и реконституирана хартија од стари постери (од изложба од 1995 г. на Елена Атанасиаду, дизајнирана од Јанис Курудис и фотографии од Јоргос Контосфирис).
Харис Кондисфирис – тродимензионални елементи
Материјали: вреќички од пресувано предиво за 120 фигури на муви од смола обоени во три нијанси.
Видео мапирање на Антонакаки во партнерство со звучната инсталација на Кондосфирис.
Финалист е и група ОКЛЕЗИС (ВОЗНЕМИРУВАЊЕ) со проектот: ИНЦИДЕНТИ во ИСТОРИЈАТА
Ники ПАПАСПИРУ (Niki PAPASPYROU) куратор
Никос ЈАВАЦО (Nikos IAVAZZO)
Квадрум експандо (Quadratum Expando), 2024
полиптих инсталација / хартија, јаглен, лед панели, 180 х 180 см
Ефи ФУРИКИ (Efi FOURIKI)
Космичка утроба_космичка завеса – од серијата Космос
(Cosmic Womb_Cosmic Curtain – from Cosmos series), 2024
импровизирани слајдови, скенирани и печатени на хартија третирани со мастило и хемикалии на, 150 х 200 см
Мариос ФУРНАРИС (Marios FOURNARIS)
Без наслов, 2023-24
печат на метал, 100 х 190 см
Аница ВУЧЕТИЌ (Anica VUCETIC)
Патување, 2009/2019
видео инсталација, променливи димензии
Ставрос СОФИАНОПУЛОС (Stavros SOFIANOPOULOS) архитект
Изложбата свечено беше отворена на 6 февруари, во Националната галерија „Чифте амам“ на која се изложени 80 наградени уметници и финалисти од над 40 земји, од кои повеќето лично дојдоа во Скопје да ги примат наградите.
Уметниците ги селектираше Корнелија Конеска, а жирирањето го направи Меѓународно жири во состав: Бруно Кора од Италија (претседател), и членовите д-р Пик Кеобандит од Белгија и Маја Колариќ од Србија.
Наградите што ги доделува Советот на амбасадори на Остен ги понесоа Микеланџело Пистолето (1933-) ГРАН ПРИ за животно остварување и Вангел Наумовски – наградата Светско културно наследство. Во соработка со САВУ (Светска асоцијација на визуелни уметности), доделени се наградите: „Уметник на светот“ на Киро Урдин, „Рембрант“ за извонредност во уметноста на Жан Богосиан од Белгија, „Балкански уметник“ на Данчо Ордев и многу други.
Пистолето е италијански уметник (сликар, уметнички акции, објекти) и теоретичар, еден од основачите и главен протагонист на Арте повера, радикално италијанско уметничко движење од минатиот век, чии уметници истражуваа низа неконвенционални процеси и примена на нетрадиционални „секојдневни“ материјали.
Вангел Наумовски се смета за еден од најголемите македонски ликовни уметници кого теоретичарите го вбројуваат во редот на самоуките надреалистички сликари, сосем пригодно да се оддаде почит на неговото творештво по повод 100-годишнината од неговото раѓање (1924 – 2006) и 100-годишнината од надреализмот (1924 – 2024).
Меѓународното жири додели три први награди: за цртеж, графика, комбинирана техника на хартија на Павол Трубен од Словачка; за слика на платно, инсталација, објекти на K.С. Шриватшан од Индија; за фотографија, видео, мултимедија на Филип Јовески од Македонија.
„Остен“ е основано во 1945 година како хумористично и сатирично списание од областа на уметноста, слободната мисла и слободното творештво. Преку Светската галерија на карикатури и Светската галерија на цртеж низ годините биле презентирани уметниците од светот.