Skip to main content

Мицкоски: Македонија беше на линијата на фронтот, борејќи се со илегалните мигранти

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски изјави дека Македонија е усогласена со новата администрација на САД по прашањето за справувањето со миграцијата.

Мицкоски беше интервјуиран од политичката коментаторка Кеј Ти Мекфарланд, која беше заменик-советничка за национална безбедност во првиот мандат на Трамп.

Ние сме вратата на југоисточна Европа, и сме значајни по едно прашање кое беше актуелно пред неколку години, а сега е поврзано со политиката на претседателот Трамп кон миграцијата. Ние бевме на линијата на фронтот, се боревме против илегалната миграција и ја штитевме Европа од илегалните мигранти, изјави Мицкоски.

Поврзани вести