
Преработената храна може да предизвика пекол во желудникот, а многу луѓе неконтролирано ја консумираат, вели д-р Воислав Перишиќ, познат српски гастроентеролог.
Гасовите во цревата во 75 отсто од случаите се резултат на ферментација на храната. Ферментираат нескробните јаглехидрати, а ако тие не се сварат доволно, тогаш имаме гасови во стомакот. Ова им се случува на 16 отсто од луѓето, вели тој.
Иако и кафето лачи киселина, но затоа што помага да се спречат други болести, како на пример Алцхајмеровата болест, д-р Перишиќ не препорачува да се избегнува, но наместо да се пие нагладно, со првиот филџан наутро каснете и бисквита или лесен појадок како леб и џем.
Исто така, иако се здрави општо, јаболката, крушите, сливите, црешите, кромидот, зелката, брокулата, пченицата, ржта и јачменот се лоши намирници за желудникот, зошто предизвикуваат надуеност.
Храна која треба да се јаде во случај на надуеност е: хељда, просо, месо, јајца, компири, тиквички, ротквици, кељ.
Шеќерот предизвикува зависност, и со тек на време може да доведе до складирање на маснотии и ризик од дијабете, па дури и сериозни здравствени ризици како срцеви заболувања. Шеќерот е опасен и за цревната обвивка.
Исхраната богата со рафинирани шеќери и вештачки засладувачи може да го наруши балансот на цревните бактерии. Штетните бактерии и квасецот се размножуваат благодарение на шеќерот, кој може да придонесе за воспаление на цревата, посочува доктор Перишиќ.
Тој препорачува поздрави замени за белиот шеќер како мед, јаворов сируп или стевиа, но во умерени количини.