
Проширувањето на Европската Унија треба да биде фокусирано на суштински реформи, модернизација на институциите и нивно поголемо отворање кон граѓаните, порача синоќа во Брисел премиерот Христијан Мицкоски.
Обраќајќи се на на Форумот за проширување на Европската Унија – „EU Enlargement Forum 2026“, во организација на Европската комисија, Мицкоски потенцираше дека промените што го засегаат националниот идентитет не смеат да бидат услов за европска интеграција, бидејќи тоа го доведува во прашање кредибилитетот на самиот процес на проширување.
Македонија останува конструктивен партнер, посветена на реформската агенда, целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и активно вклучена во европските иницијативи, со јасна стратешка цел полноправно членство во Европската Унија, порача тој.

Македонски



