
Oсомничениот за бруталниот напад врз 26-годишната Сара Ѓорѓиевска од Охрид, повторно е приведен во полициската станица во Охрид. Засега нема повеќе информации за причините за повторното приведување и дали Обвинителството ќе побара притвор. Oд СВР Охрид ја потврдија информацијата и велат дека во моментов има нови околности во овој случај.
Против 31-годишниот е поднесена кривична пријава за тешка телесна повреда, а судот претходно му одреди мерки на претпазливост, меѓу кои забрана за приближување до девојката на помалку од 50 метри и одземање на пасошот.

Македонски



