
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, остро го осуди насилниот настан што го потресе градот и побара надлежните институции да постапат брзо, ефикасно и правично.
Во својата реакција, Пецаков истакна дека е згрозен од случувањето, нагласувајќи дека ваквите настани не се одлика на Охрид и не смеат да се случуваат во градот.
Како личност и како градоначалник згрозен сум, Охрид е згрозен! Ги повикувам надлежните институции брзо, ефикасно и правично да постапат. Јавно се оградувам и стојам на страната на правдата и Законот. Насилството не е решение!“, порача Пецаков.
Тој посочи и дека повторувањето на насилни случаи од ваков карактер укажува на потребата од итни законски измени, со кои, како што наведува, поинаку ќе се уредат постапувањето и третманот на насилниците.

Македонски



