Skip to main content

Закани кон кошаркар од Аеродром

Magnific

Вчеравечер во 21:15 часот во СВР Скопје, К.Н.(30) од Скопје пријави дека на неговото патничко возило, кое било паркирано во подземна гаража од зграда на подрачјето на општина Аеродром, пронашол ливче со заканувачка порака.

Според пријавеното, тој и претходниот месец на социјална мрежа, исто така, добил порака со заканувачка содржина во однос на кошаркарскиот клуб во кој сега настапува. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Поврзани вести