Skip to main content

Димоски: Кај напаѓачот на Сара Ѓорѓиевска се констатирани 1,29 промили алкохол во крвта

Magnific

Веднаш по добивањето на пријавата, СВР Охрид ги презеде сите оперативни и други мерки со цел навремено, брзо и целосно реализирање на пријавата, по што е оформен посебен тим од полициски службеници за целосно и брзо решавање на кривичното дело – изјави на денешната прес конференција Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, откако охридската, но и македонската јавност ја вознемири немилиот настан со претепувањето на 26-годишната Сара Ѓорѓиевска, од страна на нејзиното момче, 31-годишниот Кристијан Корабоски од Охрид.

Преземени се сите мерки, извршено е алкотестирање на можниот сторител, односно лицето против кое е поднесена пријавата.

Кај него се констатирани 1,29 промили алкохол во крвта, по што и по овој основ против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Сите мерки кои се преземаат се во координација со Јавниот обвинител. Извршен е целосен разговор со оштетената и со сторителот, како и анкети со лица кои се можни сведоци, или имаат одредени информации за овој настан. Извршени се прегледи на безбедносни камери, се’ со цел да се утврди вистинитоста на сите околности, пред и по случувањето на овој настан. Информациите се доставени до Јавниот обвинител. со кого сме во координација за да се доутврдат сите детали – изјави Димоски.

Извор:Охрид прес

Поврзани вести