Skip to main content

Михаил Богачек номиниран од Трамп за амбасадор во Приштина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше Михаил Богачек од Флорида за амбасадор на САД во Приштина.

Информацијата е објавена на веб-страницата на Белата куќа, како дел од списокот на номинации испратен до Сенатот, кој разгледува и одобрува кандидатури за позиции во американската администрација и дипломатските мисии.

Според постапката, номинацијата на Богачек мора да биде потврдена од американскиот Сенат. (МИА)