
Машката македонска ракометна репрезентација утре со натпревар против Луксембург во Скопје ги почнува квалификациите за Европското првенство 2028 година. На досегашните дуели со утрешниот противник македонските ракометари имаат само победи.
– Сакаме да го продолжиме континуитетот и учество на уште едно големо натпреварување. Ние растеме од првенство во првенство. Сметам дека сме позрели и сонуваме да играме на уште едно првенство. Но, ќе одиме чекор по чекор. Нема да потцениме никого, ниту пак Луксембург. Имавме кус период на подготовки, но и обврска пред домашната публика да одиграме најдобро и со добра атмосфера да отпатуваме на гостинскиот натпревар против Грција, изјави капитенот Филип Кузмановски.
Натпреварот на македонската репрезентација против Луксембург се игра утре (среда) од 19 часот во Т-Арена (СЦ „Борис Трајковски“)

Македонски




