Skip to main content

МЗТ реди порази во Европа

 Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја продолжија серијата порази во ФИБА Европа купот, откако вечерва пред своите гледачи загубија убедливо од кипарски АЕК Ларнака со 85-69 во рамки на четвртото коло во групата Е.

Ослабен без искусниот Дамјан Стојановски и Димитрије Николиќ, македонскиот првак беше немоќен да му се спротивстави на противникот од Кипар во обидот да ја забележи првата победа сезонава на европската сцена.

МЗТ Скопје одлично го отвори натпреварот во СЦ „Јане Сандански“, поведувајќи со 7-0, но набрзо потоа АЕК Ларнака ја презеде контролата врз резултатот и обезбеди водство на полувреме од 49-42.

Македонскиот првак одигра очајни десет минути во третата четвртина која ја загуби со 22-11, а противникот набрзо поведе и со недостижни 24 поени разлика (78-54).

Крајиниќ со 17 и Фаракан со 14 поени беа најефикасни во редовите на МЗТ Скопје, кој во следното, петто, коло ќе му гостува на лидерот во групата Џики Варшава, на 4 ноември

Поврзани вести