
Од 29 октомври, документарниот филм „Руини“ на Елена Чемерска на големото платно.
Лична приказна за загубата, сеќавањето и наследството, раскажана низ обновувањето на модернистичкиот Споменик на Слободата во Кочани и соочувањето со минатото.
Некогашен симбол на колективната слобода – денес споменикот е оставен на времето. Обидувајќи се да го врати во живот, таа се соочува и со сопствената загуба на тројца блиски членови на семејството.
Преку архивски материјали, лични сеќавања и состојбата на споменикот, филмот го истражува односот меѓу личната тага, исчезнувањето на еден општествен идеал и прашањето: „Што навистина може да се обнови?“

Македонски

