
Син се обидел со кола да го истурка од пат татка си, откако претходно го нападнал во нов случај на семејно насилство во Штип.
Како што соопшти МВР, вчера во 14:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Г.Т.(56) од Штип.
Според пријавеното, на 24.10.2026, по кратка расправија, физички го нападнал неговиот 79-годишен татко, кој потоа се обидел да побегне со возило, по што Г.Т. го следел со неговото возило и го удрил со намера да го исфрли од коловозот. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.

Македонски

