
Вчеравечер во 23:30 часот во гостиварско село, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Б.К.(52) од селото, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна сопруга дека во семејниот дом, по кратка расправија, истурил врело кафе врз неа, при што таа се здобила со изгореници.
Како што соопштија од МВР, тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонски


