Skip to main content

Незгодни противници за Охрид и Алкалоид во европските купови

Во Виена денеска се одржа извлекувањето на двојките за третото коло од ЕХФ Европскиот куп. Македонските претставници за ривали добија екипи од Литванија и од Словенија.

Бранителот на пехарот во ова натпреварување ГРК Охрид за противник ја има екипата на Драгунас Клаипеда од Литванија, која пред две сезони беше противник на Алкалоид.

Вториот македонски претставник Алкалоид има потешка задача и за ривал ја има словенечката екипа Горење Велење, која последните години настапуваше во ЕХФ Лига Европа, додека во сезоната 2022/23 беше четвртфиналист во ЕХФ Европскиот куп.

Охрид според извлекувањето треба прво да гостува, а Алкалоид е домаќин на првиот натпревар.

Првите натпревари треба да се играат на 21/22.ноември, а реванш дуелите на 28/29.ноември. 

Поврзани вести