
Македонскиот ракометен суперлигаш Алклаоид денеска ги претстави тројцата нови играчи, кои во новата сезона треба да дадат дополнителна вредност на клубот од Автокоманда. Словенците Матиц Сухолежник, Нејц Цехте и Црногорецот Вуко Борозан, се новите имиња.
Матиц Сухолежник има 31 година и игра на позицијата пивот и во РК Алкалоид доаѓа од екипата на РД Слован. Во својата кариера има настапувано и за екипите на РК Целје, Данкерк и Саран од Франција, Бенфика од Португалија и за хрватскиот првак РК Загреб.
Нејц Цехте (33 години) е десен бек кој минатата сезона ја заврши кај финалистот на Лигата на шампионите, Фуксе Берлин од Германија. Претходно има настапувано и за екипите на Кршко и Горење Велење, за германскиот Хановер, данската екипа ГОГ и за РК Еурофарм Пелистер.
Црногорскиот лев бек Вуко Борозан (32 години) е добро познат ракометар кој има настапувано за повеќе екипи од во Европа, Блискиот исток и Македонија.
Подготовките на РК Алкалоид ќе се одвиваат во три дела, а стартуваа денеска. Првиот дел е воведниот во тренажниот процес и ќе се реализира во Скопје. Потоа од трети август екипата ќе замине на подготовки во Маврово, по што во последната фаза, подготовките ќе бидат финализирани со контролни натпревари

Македонски


