
По координираната акција во изминатите два дена, поврзана со недозволена трговија со дрога и оружје, Одделот за криминалистичка полиција повторно излегол на терен.
Според неофицијални информации, вчера и во текот на ноќта, припадници на Одделот за криминалистичка полиција при МВР, заедно со сите сектори за внатрешни работи и повеќе инспекциски служби, извршиле контроли на повеќе од 60 локации. Биле опфатени кафе-барови, ноќни клубови, казина, обложувалници и други објекти.
При контролите биле утврдени повеќе неправилности, меѓу кои непоседување противпожарна опрема и блокирани влезови и излези. Според неофицијалните сознанија, на дел од објектите им биле изречени глоби и забрани за работа, а некои биле затворени.
Во локалите биле затекнати и малолетни лица на кои им бил послужен алкохол. Бил откриен и објект за нелегално онлајн обложување, а биле извршени претреси и уапсени повеќе лица.
Од МВР во текот на денот се очекуваат официјални информации за акцијата и утврдените неправилности.

Македонски

