Skip to main content

Загинаа две лица на автопатот Куманово – Скопје: Уапсен возач на „мерцедес“

Две лица загинале, а тројца се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Куманово – Скопје, во близина на Агино Село.

Од СВР Куманово информираат дека несреќата била пријавена на 19 септември 2026 година околу 21:35 часот. Во неа учествувале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 65-годишниот М.М. од Скопје, и „опел корса“, исто така со скопски регистарски ознаки, управувана од 27-годишниот С.Н. од Скопје.

На местото на несреќата починале сопатниците од „опел корса“ – 49-годишниот В.Н. и 71-годишниот Л.М., двајцата од Скопје.

Уште три лица од „опел корса“ биле повредени. 48-годишната Л.Н. се здобила со тешки телесни повреди, додека 28-годишната Б.Н. и возачот С.Н. се здобиле со телесни повреди. Тие биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На местото на несреќата бил извршен увид од екипа на СВР Куманово, а интервенирале и петмина пожарникари од Територијалната противпожарна единица.

По наредба на јавен обвинител, возачот на „мерцедесот“, М.М., бил лишен од слобода. Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Поврзани вести

giyimJojobetMultiwin girişmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositpusulabetbahsegeljojobetbahsegelsekabetMarsbahis girişJojobet Girişcasibomholiganbet girişholiganbetholiganbetholiganbet girişholiganbet girişholiganbetholiganbetstarzbetcasibombahsegel girişbahsegelmeritkingholiganbetmarsbahiscasibom girişjojobet