Skip to main content

Цврсто заспано девојче ги преплаши родителите, мораа да интервенираат струмичките пожарникари

Од ТППЕ Струмица ја споделија нивната необична интервенција, која се случувала синоќа на улицата „4 Јули“ во Струмица, кога пожарникарите-спасители учествуваа во една, како што ја велат – малку поинаква, но за родителите особено вознемирувачка акција.

Откако малолетното девојче неколку часа не одговарало ниту на телефонските повици, ниту на ѕвонењето на вратата, родителите побараа помош од ТППЕ Струмица. Станот се наоѓаше на четвртиот кат. Со помош на авто-скалата, пожарникарите-спасители пристапија до терасата, по што беше овозможено отворање на вратата и влегување во станот. А таму – наместо опасност, ги дочека една сосема неочекувана глетка.Девојчето беше безбедно и едноставно спиеше во длабок сон, не слушајќи ги ниту телефонските повици, ниту ѕвонењето на вратата.За пожарникарите можеби необична интервенција, но за родителите – огромно олеснување, раскажаа од ТППЕ Струмица, додавајќи дека се тука секогаш кога е потребна помош.

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobetmultiwinstarzbetcasibomjojobetzbahispusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no deposit