
Секој мајстор има своја верзија на рецептот за ајвар и свои преференции, но во едно сите се согласуваме – нема подобар од домашно направениот.
Овој рецепт доаѓа од перото на искусен домаќин, ви предлагаме да го подготвите, бидејќи нема да зажалите.
СОСТОЈКИ
•7 кг. пиперки
•3 кг. модар патлиџан
•1 л. оцет
•2 л. вода
•2 главици лук
•малку лути феферонки
•2-3 лажици сол и шеќер
ПОДГОТОВКА
•Пиперките ставете ги во оцет да се варат 2-3 минути, а патлиџаните 5-6 минути. Пиперките и патлиџаните смелете ги први, а потоа феферонките лукот и додете малку бибер.
• Се тоа оставете да врие со 8 унци масло на тивок оган околу час и половина. Ајварот ставете го во топли тегли и ги сместете ги во топла (не жешка) рерна.
• На секоја тегла ајвар да се стави една лажица масло за да се направи кора и за ајварот да не добие воздух.
Теглите затворете ги следниот ден.

Македонски

