Skip to main content

Пожарот на депонијата кај Кавадарци се шири

Фото: ДЗС архива

Пожарникарите на Кавадарци веќе два часа се обидуваат да го изгаснат новиот пожар, запалената депонија кај Кавадарци. И за овој пожар сомневањата се дека бил подметнат.

Пожарот од депонијата се прошири и надвор од границите на депонијата. Гори сува трева, а пожарот се шири кон блиските лозја и блиската шума.

На терен се кавадаречките пожарникари.

Извор: МКД.мк

Поврзани вести