Skip to main content

109 лица добија решенија за вработување во Клиничката болница Тетово

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска во Тетово додели дел од решенијата за вработување на 109 лица во Клиничка болница Тетово, кои досега беа ангажирани со договор на дело. Овие вработувања, како и другите новини постигнати последната година придонесуваат за успешното функционирање на установата, велат од Министерството за здравство.

„Ви честитам на сите и ви посакувам успешна работа, професионални успеси и многу посветеност во грижата за пациентите. Вашата работа е од огромно значење за нашето здравство“, им порача министерот Клековски.

Со ова се заокружува проектот за вработување на 1.500 повеќегодишни договорци, а набрзо ќе биде комплетиран и проектот за вработување на 600 специјализанти, соопшти Министерството за здравство.

Поврзани вести