Skip to main content

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Magnific

Денеска времето ќе биде променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини се очекува да има услови за појава на магла. Најавено е да дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 6 до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје, исто така, се очекува променливо облачно време, претпладне ќе има услови за појава на слаба магла. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 10 до 17 Целзиусови степени.

За новата работна седмица, синоптичарите најавија да преовладува променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен, а утре и во вторник наместа долж Повардарието, повремено засилен северен ветер.

Поврзани вести