Skip to main content

Клековски: Укината е состојбата на епидемија во Гостивар

Состојбата со епидемијата во Гостивар е ставена под контрола, откако Центарот за јавно здравје Тетово донел одлука за нејзино прекинување, информираше министерот за здравство Сашо Клековски.

Според епидемиолошките податоци, во моментов нема нови случаи на гастроентеритис или ентероколитис, односно стомачни тегоби, кои се поврзуваат со водата за пиење во Гостивар.

Клековски појасни и дека во гостиварската болница немало хоспитализирани пациенти во вистинска смисла на зборот, туку станувало збор за краткотрајни, 24-часовни задржувања.

Поврзани вести