Skip to main content

Трамп ја повика Украина да стави крај на војната

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина да постигне договор за завршување на војната со Русија.

Украина мора да сака да ја заврши оваа војна – рече Трамп пред новинарите во Овалната соба.

Зеленски мора да сака да ја заврши оваа војна, а доколку тоа не е случај, сè ќе заврши многу лошо – предупреди американскиот претседател.

Претставникот на Трамп, Стив Виткоф, вчера престојуваше во Осло, каде разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски во обид да се стави крај на четиригодишната војна.

Трамп навести дека Русија има предност во борбата бидејќи, како што рече, „Русија е голема машина — тие едноставно продолжуваат да напредуваат и тоа е она што го прават“.

Зазедоа многу голем дел од територијата – додаде американскиот претседател.(МИА)

Поврзани вести