Skip to main content

„Кино средби“ со францускиот филм „Тест на издржливост“ во Кинотека

Современиот француски филм „Тест на издржливост“ во режија на Орелијан Пере ќе биде прикажан вечерва во Кинотеката, во рамки на месечните „Кино средби“ што ги организираат Францускиот институт во Скопје и Кинотеката.

Филмот од 2025 година ја следи приказната за 19-годишниот Иго и промените што ги носи едно лето во неговиот живот.

Во филмот играат Феликс Лефевр, Ања Вендероза и Сузан Жуане.

Проекцијата ќе биде со превод на македонски јазик, а билетите се достапни на билетарницата на Кинотеката.

Поврзани вести