Skip to main content

„Кино средби“ во Кинотека со современи фрацуски филмови

Францускиот институт во Скопје и Кинотека организираат ново издание на месечните „Кино средби“, во рамките на кои се прикажуваат современи француски филмови.

Во среда, 21 октомври 2026, во 20:00 часот, во Кинотека, ќе биде прикажан „Тест на издржливост“ (2025, 110 мин.), филм во режија на Орелијан Пере, со Феликс Лефевр, Ања Вендероза и Сузан Жуане.

Иго има 19 години. Како и секое лето, празниците ги минува на остров во Атлантскиот Океан, во малата семејна куќа. Но оваа година е поинаква. Иго физички се променил, а за првпат доаѓа со својата девојка Квин, козметичарка со изразен темперамент и вештачки нокти украсени со циркони. Нејзиниот впечатлив стил е во целосна спротивност со воздржаноста и срамежливоста на младиот Иго. За кратко време, нивната врска привлекува сè поголемо внимание.

Филмот е со превод на македонски јазик.

Билетите се во продажба на билетарницата во Кинотека.

Поврзани вести